Смешно е претседател на ДИК, како што беше Стево Пендаровски во 2004 година, кој ништо не направил тогаш по прашањето излезност на избори сега да зборува за бојкот, ситуацијата е различна. На референдумот луѓето не излегуваа зошто не сакаа да прават компромис со правото. Прашањето за името е толку болно и не може никако тоа да го споредиме со избори или со ова сега – рече Гордана Силјановска Давкова на дебатата на Канал 5 телевизија.

Во однос на тоа дали била дел од демонстрациите Силјановска вели:

Не марширав зошто во првите редови беа демонстранти или како да речам професионални демонстранти кои сега ги гледамее во институции, во Собрание. Јас тоа не сум – рече Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.