Вечерва во „Што не е јасно?“ на Алфа телевизија професорката и иден пратеник Гордана Силјановска Давкова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ја состави новата влада.
Партијата со промена на статутот, вели, покажа голем демократски исчекор.
Причина плус е и реформската програма, изразито реформаската програма, поради внатрепартиската демократија која има правен основ во статутот, па и ако ги гледате листите ќе видите дека таму има многу нови луѓе и само осумина се од предходниот состав. Меѓу нив и членови кои не се од партијата и луѓе кои прв пат се бават со политика. И да бидеме искрени, може колку сакаат да го критикуваат господинот Христијан Мицкоски, меѓутоа ние за прв пат имаме професор, учител, претседател на партија, човек – за кој секогаш знаењето било сила и моќ. И на крајот, демократ. Јас сум доказот за тоа – рече Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.