Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Кочани.
Силјановска Давкова нагласи дека единствено што направи Заев е промена на Уставот и на уставното име на Република Македонија, затоа се исплашени од претседателските избори, бидејќи народот ќе ги делегитимира нив и сите нивни штетни политики.
Власта е исплашена заради претстојните избори, зошто ќе ги стигне потписот на народот, а тој потпис ќе значи крај на не владеењето на правото, крај на неправдата што ни ја сторија, крај на лагите што ги направија. Народот е мудар и на овие претседателски избор ќе ја делегитимира власта, тоа ќе значи дека ги делегитимира и сите потези и сите одлуки и сите закони што неуставно и спротивно на меѓународното право ги смени, ама го смени и Уставот, впрочем тоа единствената промена која што ја направи овие две години и неколку месеци е промената на уставот и промената на името – посочи Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.