Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател кој го поддржа најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ порача дека ќе биде претседател кој ќе одлучува по свое.

Затоа кога ќе дојде одговорен претседател од народот и тој ќе биде и за народот. Ќе дојде одговорен парламент кој државнички ќе се однесува, ќе дојде и нов состав на Уставен суд со знаење и морал. Тогаш ние со една уставна промена ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост, порача од Охрид Силјановска Давкова.

Според неа, не може да биде претседател личност кој не си го почитува дадениот збор.

Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое. Ќе водам економска, културна, научна спортска дипломатија, тие се помоќни од традиционалната. А за ваква дипломатија треба квалификувани луѓе, а не импровизатори. Заевизмот се води од паролата ,,кажувам, заборавам, негирам”. Нашата е ,,кажувам, помнам, почитувам“, рече професорката по уставно право.

Силјановска ја побара поддршката од граѓаните и вети дека ќе биде праведна, чесна и транспарентна. Во говорот пред охриѓани таа се потсети и на приказната за Силјан Штркот на Марко Цепенков.

Приказната на Марко Цепенков за Силјан Штркот е врежана длабоко во меото срце. Татковците мора да ги носиме во наште срца, она што сме го наследиле не е за продажба, тоа е на сите генерации, тоа е нашата задача, изјави вечерва на митингот во Охрид Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.