Македонија ќе победи на 5 мај затоа што на Македонија и е потребна правда, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното гостување на телевизијата Алфа.
Правда во Македонија е потребна во секој сегмент на животот, во судството, обвинителството, во јавната администрација, во економијата, образованието, здравството, правда е потребна за секој граѓанин затоа мислам дека со еден збор успеавме да опфатиме сè што е потребно, објасни Николоски.
Според него, на Македонија и е потребна правда и кога станува збор за меѓународните односи, бидејќи промената на името се случи вон сите меѓународни правни правила.
Многу луѓе се гневни на случувањата, многу луѓе се разочарани од оваа, но и од претходната власт, мора да бидеме и самокритични, има и луѓе кои се заборавени, факт е дека дел и се заборавени и тие се и оние кои не излегоа да гласаат, посочи тој.
Оттука рече тој, на 5 мај очекувам, Гордана да е убедлив победник и ќе победи со разлика 30 до 40 илјади гласа разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.