Професорката по уставно право Гордана Силјановска Давкова, која е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори на 21 април, не влезе во стапицата да вети поништување на на Законот за јазиците и укинување на Преспанскиот договор.
На крај на памет не ми е да го укинам Преспанскиот договор. Таа надлежност му припаѓа само на Уставниот суд, ама нашиуот уставен суд не собра сила да биде уставен, туку се уште е неуставен и ужива во комфорот на Вардар. Самиот моѓе да иницира постапка и самиот можеше да донесе некои клучни одлуки со што ќе добиеше посебна улога во демократизацијата на Република Македонија.
За да опстои нешто, мора да биде добро решение, рече Силјановска – Давкова мислејќи на Преспанскиот договор.
Можете да го смените името и да го напишете на сите институции и јас тоа ќе го почитувам.Од Аристотел до денеска добар закон, добар устав, лош закон, лошо решение – тоа мора да е прифатливо за граѓаните, инаку е страно. Од аспект на правото – тоа е неприфатливо, од аспект на реалноста – тоа е реално и јас нема да настапувам талибански. Меѓутоа, никој не може да ме попречи да укажувам на неуставните решенија, на неуставната постапка или на неусогласеноста на низа решенија од Преспанскиот договор, рече Силјановска – Давкова вечерва во „Само вистина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.