Во вечерашната емисија на ТВ Алфа „Заспиј ако можеш“ гостуваше универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова која рече дека во мерките на владата препознава кршење на човеквите права.

Имено, професорката Силјановска – Давкова истакна дека и покрај воведувањето на вонредна состојба која значи полесно виреење на авториратизмот поради специфичнста на амбиентот и поради постењето на можноста за дискреционо постапување, сепак не смее да се заборави на владеењето на правото на поделбата на власта, слободите и правата на граѓанинот.

Таа додаде дека посебно таканаречените апсолутни права не можат да бидат ограничени и суспендиирани ниту во вонредна ниту во воена состојба како правотo на живот , правото на мисла, правoто на слободно изразување , забрана на примена на тортура, верското изразување , правото на совест , дискриминација по никаков основ.

Дополително , Силјановска истакна дека треба да има и правна заснованост на сите мерки што се предлагаат и на сите санкции.

Силјановска -Давкова рече дека пронаоѓа кршење на човековите права во мерката сликање на граѓаните по улици заради неносење на маски и ракавици и дека таа мерка е спротивна на сите мислења на Венецијалнската комисија и исто така во ограничувањето на времето на движење над 65 години кое е спротвно на начелото на недискриминација во било која состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.