Во вечерашната дебата на Телма кандидатката за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, рече дека однадвор се забележува режимот на оваа власт во судството.
-Видовме измена на Кривичниот законик, персонализирана и наменска за луѓе од една партија која го поддржува господинот Пендаровски за бидат „бајпасирани“, односно да не можат да бидат процесуирани нивните случаи. Селективна правда не е правда.
Таа рече дека однадвор го забележуваат режимот и затоа сите препораки за Македонија содржат препораки за либерална демократија, хибридна демократија и потенцираше независно судство не се гради само со измена на закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.