Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во вечерашната дебата на Телма на прашањето дали ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име, одговори потврдно.

-Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2 стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско“, рече Сиљановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.