Оваа власт скокна како вол во купус. Не научила дека вевчанскиот гениј е вечен, вевчанскиот дух – непобедив, а вевчанскиот хумор – отровно револуционерен, вели професоркта и пратеник Гордана Силјановска Давкова, која им порача да се распрашаат кај живите комунистички актер(к)и за „ Вевчанскиот случај“, документиран во филмот на Крсто Шканата „Хвала на слободи“!
На седми август во 1987 година, вевчанци кренаа буна против привилегираниот врв на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ), ембрионот на СДС. Решија да ја запрат прекумерната екплоатација на чуената Вевчанска вода за потребите на функционерските вили во „Елен камен“ крај Струга. Аздисаната власт го опседна Вевчани со огромни полициски сили, како денес, напаѓајќи дури и вевчански жени.
Се огласи демократската јавност во одбрана на храбрите и одважни Вевчанци, уметниците и интелектуалците ја осудија тортурата.
Чуле ли некои актуелни политички милитантни ликови за Вевчанската република? Како влегоа без пасоши во неа? Не можеше ли мирно да го решат соочувањето со исконската традиција? Немаше ли место за симболично одбележување на човечкиот пркос против Ковид 19, за разбирање на ненасушната потреба од волшебниот лек , наречен хумор, како израз на вевчанската слобода и непокор? Или, само себеси и своите партиски содружници ги разбираат кога прават карневали?, прашува Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.