Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Аеродром.
Сиљановска Давкова истакна дека владата на СДСМ и Заев наликува како авион без пилот бидејќи се што направија во изминатите две и пол години е на штета на граѓаните, потенцирајќи дека мнозинството пратеници го узурпирале парламентот и гласале по нарачка натпреварувајќи се кој попрв ќе гласа.
Да го опишам општествениот авион во кој нема пилот. Прво демократијата одамна живее во Македонија. Демократијата ја персонифицираат пратениците во парламентот, меѓутоа тие одамна не се наши претставници туку се претставници односно послушници на партиите на власт. Гласаат по порачка, гласаат на копче, се натпреваруваат во брзината на гласањето и згора не сум чула за собрание без опозиција. Собранието треба да биде најпрестижната школа на демократија, во која низ дијалог, со аргументи, со различни ставови, ама тоа се ставовите на граѓаните се трага по консензус по важните решенија. Не со тиранија на мнозинството, не со купопродажба на гласови, не со кршење на Уставот и законите зошто не сме ги овластиле за тоа, не сами со себе не така како што ќе им каже лидерот на партијата на власт, зошто тоа не е собрание, тоа не е школа на демократија, тоа е узурпиран народен простор – вели Сиљановска Давкова.


Според нејзе неопходна е поделба на власта во Република Македонија, бидејќи само така може да има демократија и само на тој начин може да се почитува човековите права и слободи.
Без поделба на власта на законодавна извршна и судска не може да постои демократија. Трите власти мора да се ограничуваат меѓу себе со спреги и кочници за ниту една да не се издигне. Зошто ако се издигне една на другите, тогаш жртви ќе бидеме ние граѓаните односно нашите човекови слободи и права. За жал ако нема собрание, ако претседателот е заборавен дури и во функции што се најпретседателски како онаа да склучува меѓународни договори во името на Република Македонија, не на безимената држава како во Преспанскиот договор тогаш каде е власта – рече Сиљановска Давкова.


Сиљановска посочи дека она што го ветила пред граѓаните ќе го исполни и дек ќе стори се за да го подобри живото во Македонија, односно како што кажа на Македонија и е потребна жена за претседател бидејќи татковина без мајка нема.

Јас ви ветувам како претседателка како жена како некоја која го дели родот со Македонија и татковина, оти татковина без мајка нема, дека ќе ги инспирирам жените најпрво на државата да и ја понудат својата енергија, знаење, својата креација, својата убавина за да направиме од Македонија нешто поинакво – додаде Сиљановска Давкова.

На крај од граѓаните побара на 21 април и 5 мај помасовна поддршка од нив и застанување рамо до рамо со нејзе и со партијата која ја поддржа за конечно во Македонија да се врати правото и правдата и со нејзината победа на претседателските избори да започне и крајот на оваа влада која не први ништо позитивно и добро за граѓаните на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.