Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на Македонија поддржана од ВМРО ДПМНЕ на митингот во Струга порача дека цврсто се залага за директен избор на шефот на државата.
Голем противник сум на претседателот во Собранието. Мислам дека пречуствувате дека некоја таква игра се спрема. Нам ни велат дека ќе ги бојкотираме во вториот круг изборите. Нема зошто да ги бојкотираме ако сме убедени дека ќе ги победиме. Не, не ни одговора тој резултат, зошто тогаш во собранието ќе си го договорат идниот претседател на државата, ама народот умее подобра проценка да направи, помудар избор да направи. Мислам дека нема полошо решение за Македонија од избор на претседател во Собранието, тогаш сите власти ќе бидат на едно место. Тогаш нема да има ниту посебна законодавна, ниту посебна извршна власт, а да не говорам за независната судска власт која е далеку од независна. Дури и омбудсман неодамна рече дека правдата на нашите судови е селективна, дека е загрозена со реваншизам, затоа ја сум против избор на претседател во собранието зошто тоа ќе значи политички пазар, купопродажба, а тие се највештите Венецијански трговци во собранието за продажби. Тоа веќе го видовме.
Еден претседател одговорен ќе води економска дипломатија, културна дипломатија, научна, спортска дипломатија, нема да се занесува со туризам по светот. Пред да замине ќе се консултирам со најдобрите стопанственици, пред да замине ќе ги проучи условите во земјите во кои што оди, ќе ги одбери оние со кои што можеме да имаме извонредна размена, меѓутоа ако бидам јас претседателка ќе одберам луѓе кои во вистинска светлина ќе ја претставуваат а нема да ја срамат Македонија по светот, рече Силјановска Давкова.
Според неа секој претседател дава некој свој печат на мандатот и таа го почитува печатот на претходните.
Но, иако во женски род Македонија до сега немала жена за претседател. Самото тоа е промена, но се разбира не мислам јас дека родовата припадност е доволна причина да се стане претседател. Цврсто верувам дека знаењето, умеењето, посветеноста, чувството за право, за конституционализам ќе ме водат на правиот пат на европскиот пат. Ќе именувам најдобри правници во Уставниот суд, ќе именувам најстручни луѓе во Советот за безбедност, ќе мислам на најкавалификуван гувернер, ќе доделувам одликувања само на најумните, вето ќе ставам секогаш кога Уставот ќе биде прекршен, а ваши мисли, Вас секогаш ќе ве имам на ум кога ќе се обраќам во собранието. Не, еднаш во годината, туку многу пати. Ќе бидам претседател на сите граѓани на Македонија, потенцираше Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.