Ние и вие заслужуваме подобра Македонија од оваа, порача Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалцијата вечерва од митингот во Крива Паланка.
Професорката по уставно право вечерва пред граѓаните на Крива Паланка изјави дека на сите собири се обраќа во име на коалцијатата која е составена од повеќе од 20 невладини организации кои водат битка со сиромаштијата.
За жал, секој ден во Македонија се фрлаат тони храна, а 40 отсто од граѓаните на Македонија се борат со сиромаштија. Покрај еколошката катастрофа, сиромаштијата е најголема закана за човештовото. Македонија е земја дарувана од Бога. Се вели, каде нешто ќе засадите, ќе никне. А ние денес имаме проблем со храната и со исхраната на луѓето. Ќе сторам се што можам да им помогнам на сиромашните. Од скромниот буџет кој го има претседателот, ќе издвојам средства за сиромашните, рече Силјановска Давкова пред граѓаните на Крива Паланка.
Таа потсети на ветувањето на актуелната власт дека ќе ги штити незасиштените, но таа тоа ветување не го сторила.
Македонија стана земја на социјални случаи. Денес 40 отсто граѓани на Макеоднија се борат за живот и за преживување, а тие немаат свест за тоа. Нивното однесување е понекогаш инфантилно, се расфрлаат со коли и глисери, а народот нема што да јаде. Ќе се солидаризам со сиромашните, само тогаш тие ќе ми веруваат. Четириесет отсто граѓани е огромна забораваена бројка, рече Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.