Ако победиме на претседателските избори, тоа ќе значи нивни пораз на следните парламентарните избори, порача од митингот во Ѓорче Петров Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател на Македонија која е поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

На митингот во Ѓорче Петров каде што присустуваа многумина членови и симпатизери на партијата, таа пред насобраниот народ порача дека од нив добива многу енергија.

И вие и јас веруваме во она што е најголема европска вредност, а тоа е владеењето на правото. Денеска во светот секаде се повикува на малку идеализам зошто со моралот, правото и правдата ќе создадеме претпоставки за мир, рече Силјановска Давкова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.