Не почнува ниту еден државен настан, не почнува ниту еден спортски настан без интонирање на химните. Ама ете денеска на таа таканаречена историска средба на двајцата, на двата соседи, на двете држави, не бере господинот Ципрас е дојден во приватна посета на господинот Заев остана без химните. Тоа е навреда за македонскиот народ. Тоа е навреда за Македонската држава. Но, се разбира ним во срцето, не верувам во срцето, веројатно во друго е причината им е Македонија, гласно порача Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на Македонија поддржна од ВМРО ДПМНЕ од митингот во Ресен кој се одржа вечерва.

Според професорката по уставно право на Правниот факултет во Скопје, овој срамен чин кој се случи денеска говори за Зоран Заев, говори за владата, говори за државата која што тој мисли дека ја претставува, но ние ниту ја чувствуваме, ниту ќе ја прифатиме неговата држава, вели Силјановска Давкова.

Нашата држава има 75 години стара химна. Ние простум стоиме кога се интунира, јас честопати плаќам и кога има утакмица и кога има некоја научна средба, и кога има некоја државна средба. Ама ние државата си ја носиме не само во умот туку во срцата. Го кажувам ова зошто денеска навистина не само што се чувствував понижена, навредена, демакедонизирана, денационализирана, туку мислев дека некој како да ми го урнисал достоинството. Замислите не можел да слета навреме авионот, па затоа не сме можеле да ја чуеме интонацијата на химната. Небаре химната останала во авионот, а не долу. До таму немаат срам што дури и лагите со здравиот разум им се косат, рече Силјановска Давкова.

Таа објаснува зошто е важно прашањето на химната.

Понекогаш симболите се помоќни во говорот, во пораките од напишаното, од зборовите, е токму тоа е химната, токму тоа е знамето, токму тоа е грбот и како во сите пристојни земји, како во државите со нишани, така и во Уставот на Република Македонија има член кој зборува за државните симболи. Колку се важни се гледа по тоа како се носат или се утврдуваат со самиот Устав што не е случај со нашиот или со закони, со двотретинско мнозинство. Зошто? За да не можат да се сменат, ама нашиот премиер наместо денеска да ја симболизира државата, заборави на химната, кажа Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.