Различна е ситуацијата сега зборуваме за кршење на задолжителна меѓународна норма која што се однесува на правото на самоопределување чии неизоставен и неразделен момент е и првото на сопствено име, знаме, химна и устав. Значи ние не сме против договарање и преговарање, не сме против компромиси меѓутоа како и сите други држави кои што се под ОН, како сите други нации и ние бараме да бидеме рамноправни во овој поглед. И се разбира дека тоа на правен начин ќе го издвојуваме и се разбирам не велам утре, но кога нешто е засновано на кршење на устав и на кршење на меѓународно право тоа може да биде ништовно, порача од Виница, Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател на Република Македонија, подржана од ВМРО ДПМНЕ.
Силјановска Давкова нагласи дека таа лично се залага за владеењето на правото, правна држава, и почитување на човековите права, истакнувајќи дека во моментот во државата нема судски реформи бидејќи на чело на Советот кој што треба да се носат судски реформи се наоѓа Зоран Заев, а самиот тој бил предмет на истрага, односно како што рече таа ова е непознат феномен во судството кое треба да е целосно независно од извршната влада.

Како ќе има судски реформи ако на чело на советот за судски реформи стои премиерот? Нели е тоа директен упад во независноста на судството. Во тоа тело треба да седат врвни правници, судии, адвокати, но не и премиерот на владата. Особено што и самиот беше предмет на истрага, смета Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.