Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова во денешното издание на “Што не е јасно” на Алфа телевизија истакна дека не и верува на Владата и премиерот во нивниот став дека не се преговара со Бугарија за македонскиот идентитет. Бидејќи според неа, ако постои Јанус со две лица, тогаш постои нашиот премиер со многу лица.

Не паметам став до кој се додржал. Не знам колку пати го сменил. Инаку дека и во поглед на идентитетот и во поглед на јазикот не верувам бидејќи со склучувањето на Преспанскиот договор таму има одредби дека оние луѓе мои роднини од таа страна на границата не се Македонци и зборуваат некој друг јазик, изјави Силјановска-Давкова.

Со промената на името и сето она што оди со тоа рече таа, масовно почнаа да не потпишуваат како “Северномакедонци“.

Како може да сум родена во Македонија и да немало војна и територијални поделби и да умрам во Македонија. И ние дефинитивно требаше да го следиме примерот на Бугарија. Ако во бугарскиот парламент си донесоа Декларација, и ние требаше овде да манифестираме и да изградиме национална политика кон најважните национални прашања. А вака сме како вејки на ветрот, децидна е  Силјановска-Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.