Гордана Силјановска – Давкова, носителка на листата на ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единца и Владо Мисајловски, носител на листата на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица два имаат убедливо водство пред Никола Димитров кој е носител на листата на СДСМ во „единицата“ и Оливер Спасовски во „двојката“, покажа анкетата на Институтот БИПС.
Денеска официјално почнува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули.
Според анкетата на Институтот БИПС за Силјановска – Давкова би гласале 25,9 отсто од испитаниците, а за Димитров 21,7 отсто.
И во втортата изборна единица ситуацијата е иста, Мисајловски има убедливо водство (21,9 отсто) пред Спасовски (18,2 отсто).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.