Ви се обраќам вам кои имате причини да останете дома и да не гласате затоа што оние на власт наместо вашите си ги исполнија сопствените интереси. Дома можев да останам и јас, порачува кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Зад мене е долга и успешна професорска кариера. Можев да бидам мирна и спокојна, анализирајќи ја и критикувајќи ја политиката. Но јас одлучив да се борам! Не го правам ова за слава и привилегии. Го правам затоа што сум бунтовничка со причина и затоа што верувам во правото и правдата. Си ја сакам татковината, зошто немам друга, и се борам за неа. Секогаш им се спротиставувам на неправдите. Со мене може да ги промените нештата, истакна таа.
Професорката им порачува на граѓаните да гласаат за принципи.
Гласајте за принципи! Јас никогаш нема да ве изневерам, го имате мојот збор. Затоа, ве повикувам на 5 мај заеднички да се избориме за правото и правдата и да ја промениме Македонија на подобро, порачува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.