Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова пред кочанчани вети дека доколку биде избрана за претседател на Македонија ќе именува амбасадори кои што се стручни и компетентни, потенцирајќи дека и во уставниот суд ќе предлага двајца врвни правници професионалци во својата област.
Силјановска Давкова додаде дека граѓаните се иселуваат од Македонија бидејќи немаат квалитетен и добар живот, иако Заев им ветуваше европски живот за време на изборната кампања во 2016 година.
Луѓето не одат само по повеќе пари надвор, одат зошто не го препознаваат животот овде, само тие си живеат европски, ама народот не живее европски, туку има крпен живот – рече таа.
Таа ги повика сите граѓани да и се придружат и да ја подржат во оваа борба за Република Македонија, односно како што рече таа само единството е услов за победа на претседателските избори, но и на следните предвремени парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.