Кандидатот за претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на МРТ потсети дека законот за јазиците е објавен без потпис на претседателот.

-Оние што не се објавени јас ако станам претседател, прво ќе ги прочитам, се разбира меѓу нив има и такви кои се донесени со двотретинско мнозинство и вие не можете да не ставите потпис на нив бидејќи не важи ветото за нив, ќе ги прочитам, доколку има основ за вето ќе ставам вето, но само низ правна призма, истакна Силјановска Давкова.

Таа на кандидатот за претседател Пендарвски му посочи дека не прави разлика меѓу политика и наука.

-Ви покажав книга каде 40 страници е мој труд за Рамковниот Договор. Моите укажувања таму се на опасноста од бинационална држава, таму нема никаква албанофобија или непочитувања на правата, додаде Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.