На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот, реагираше денеска кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова преку својот Фејсбук профил. Реакцијата се однесува на денешните изјави на премиерот Зоран Заев.
На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот. И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот. Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери.Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари.Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара. Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијата, напиша Силјановска во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.