Шестиот ден од кампањата Силјановска им го посвети на децата бегалци. По средбата со членовите на Сојузот на Македонците од Егејот, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ со жалење потенцираше дека државата низ годините ја игнорира Егејската одисеја. Како шеф на државата и како професор по уставно право, Силјановска вели дека ова прашање ќе го гледа низ призмата на европските документи.
За жал, оваа држава не собра сила, не најде начин погласно да прозбори за егејската одисеја, за Македонците од Егејскиот дел, кои денеска се распослани по светот и повторно загрижени. Не знам дали тогаш им било потешко или сега. Јас можам да ги сослушам, да ги разберам. И претходно сум се обидувала тоа да го сторам. Како пофесор по Уставно право можам прашањето да го гледам низ светлината на европските документи за правата на малцинствата. Тоа е Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата и Конвенцијата за регионални малцински јазици. Грција ја има потпишано Рамковната конвенција, но ја нема ратификувано. Грчки професори препорачуваат да ја потпише и Конвенцијата за регионални малцински јазици, и да ги ратификува двете. Јасно обзнануваат дека во Грција имало и има малцинства, ама се чини дека проблемот не е грчки, туку е и македонски. Ако ние велиме дека прашањето на малцинствата е внатрешно прашање на една држава и дека секое споменување на Македонците во Егејска Македонија значи мешање во внатрешните работи, тогаш ние имаме сериозен етички проблем, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.