Химната е важен државен симбол, кога слушаме химна, стануваме, плачеме, се идентификуваме. За жал иако доаѓањето за првпат на еден премиер на Грција е важен настан, примот без интонирање на државните химни е непознат феномен 75 години во Македонија. Што значи тоа? Дали ова не значи дека и отсуството на интонирањето на химната всушност значи уште еден чекор кон демакедонизација?!

Вака професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија, поддржана од страна на ВМРО-ДПМНЕ го коментира денешниот скандалозен пречек на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје, кога не беше интонирана македонската химна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.