Професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска порача дека ќе ги претставува граѓаните и ќе гласа по сопствено уверување, додавајќи дека на таа линија е и денешното отворање на Граѓанскиот штаб на кандидатите за Изборната единица 1, Граѓански дом.
Гледате овде многу материјали, јас велам дека ова не е партиска читанка, туку програмата е демократска читанка, во која ќе се соочите со тези, со ветувања, со проекти, со активности што немаат никаков партиски белег, туку имаат демократско обележје, истакна таа.
Силјановска Давкова вели дека има длабоко разбирање за чувството кое е растечко на антиполитика или апатијата, заради незадоволството од она што треба да биде политика.
Меѓутоа уште еднаш повторувам ние кои не сме партиски членови, но кои препознаваме во програмата демократски предизвици, ние кои сме убедени дека мора да се стави крај на оваа политика. Ги повикуваме сите да се соочат или да се заштитат Ковид-19 меѓутоа да помислат на здравјето на државата. Зашто болна држава не може да се справи со Ковид-19 и јас ве повикувам после 15-ти јули овде во овој простор новиот почеток, новата политика, обновената политика да ја прославиме, рече Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.