Силен и пороен дожд вечерва поплави улици на неколку локации, на повисоките зони и централното градско подрачје во Битола.

Краткотрајниот но обилен дожд проследен со град го оневозможи нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на вчерашниот ден, во Битола исто така падна пороен дожд и предизвика штети врз земјоделските површини во битолско поле, кои локалната самоуправа по извршен увид и проценка, ќе ги обесштети.

На социјалните мрежи се појави и фотографија со поплавите од Битола и слоганот на СДСМ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.