Лидерот на ДУИ Али Ахмети ѝ се обрати јавноста, прогласувајќи победа на својата партија во т.н. албански блок на партии.

– Покажавме демократска култура, изборите се рефлексија на оптеството. Би сакал да им честитам на сите учесници, а особено сакам да им честитам на сите членови на ДУИ, кои по парламентарните избори во 2020 година, остварија уште една победа за својата партија. Сакам да им честитам на сите шефови на изборини штабови, како и на централниот изборен штаб. Им честитам на сите наши гласачи, кои се определија за нашата агенда.

Ахмети ги потврди информациите за победа на неговата партија во Липково, Сарај, Пласница и Арачиново тврдејќи дека ДУИ има голема предност во Кичево, Струга, Теарце и во Боговиње.

ДУИ победи во првиот круг во Липково со голем резултат, победи и во Сарај, исто така со одличен резултат. Со голема разлика победи и во Пласница. ДУИ е во значителна предност во Тетово. Значителна предност имаме и во Чаир. Исто така и во Кичево, потоа во Струга, Желино, Теарце, Боговиње, имаме значителна предност во Арачиново, потоа во Долнени. Во втор круг ќе одиме во Дебар, изјави вечерва од седиштето на ДУИ лидерот на партијата Али Ахмети.

Во Гостивар нашиот фонд на гласови е зголемен за 100 проценти, но немаме конкретни резултати. Во втор круг со предност одиме и во Чашка. Во втор круг ДУИ оди и во Врапчиште, рече Ахмети.

Тој потоа дополни дека одличен резултат партијата има и во советите во Шуто Оризари и во Битола, како и во Охрид, Велес, Чучер Сандево, но и во Куманово.

Локалните избори се уште еден успех на ДУИ, уште една победа. Притоа, преку нашите кандидати го зголемивме вкупниот број на гласови за партијата на која тие ѝ припаѓаат. Им честитам на сите шефови на изборни штабови, од најниско до највисоко ниво. Им се заблагодарувам на сите наши верни гласачи кои се определија за агендата на животот на ДУИ, која беше претставена пред избирачите, рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.