Двојната функција, како премиер и министер за финансии, на Зоран Заев не е случајна, сметаат експертите, според кои се наметнува прашањето: Си подготвува ли премиерот терен за министерска позиција во Пржинска влада доколку дојде и до предвремени избори?

По моделот кој го договорија партиите, премиерот во случај на техничка влада се повлекува од позицијата, но министерството за финансии паѓа под надлежност на власта. Во ваков случај, откако со последната измена во владиниот состав самиот си се постави и избра за прв финансиер, двојната функција не случајна, вели во анализата за „Алфа“, универзитетскиот професор Александар Даштевски. Според него и во случај па на избори токму ресорот финансии е клучен во распределбата на буџетските пари.

Според експертите, изјавата на Заев дека неизвесно е колку време ќе се задржи на министерската позиција, не ја исклучува ниту можноста власта да се подготвува за повторно изборно соочување, а во таа насока е и превземањето на Заев на ингеренциите врз државната каса.

Договорот од 2016-та налага на 100 дена пред евентуални избори со владата да раководи технички состав со кадри од власта и опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.