Денеска на Јутјуб се појавија четири аудио снимки од разговори на кои се слушаат гласовите кои наликуваат на оние на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на третообвинетиот во случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец и на една жена, кои според контекстот на дијалозите најверојатно се водени во периодот пред претседателските избори минатата година, кога се одржаа и избори за градоначалник на Охрид.
По обелоденувањето на аудио снимките јавноста веднаш го постави прашањето дали обвинетиот во аферата Рекет Кичеец со ова си ја купува слободата од власта?
Јаснота исто така прашува дали како резултат на купувањето на слободата на Кичеец се должи и малата казна затвор од само три години како и укинување на домашниот притвор во време на пандемија со коронавирусот?
„Трас, трас – готово“: Кичеец среде епидемија од коронавирус доби укинување на притворот
Инаку Кривичниот совет минатиот месец го прифати барањето и поднесената гаранција од Зоран Милески-Кичеец за укинување на домашниот притвор одреден до правосилност на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет”.
Домашниот притвор е укинат од Кривичниот совет на наше барање со гаранција од недвижности, проценети над 13 милиони денари. Укинат е пред две недели, потврди адвокатот Александар Новаковски.
Милески на почетокот на судењето во случајот „Рекет” ја призна вината за делото – во кое се товареше за посредување и примање награда за договарање на средби меѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев и беше осуден на казна затвор од три години.
Но, така одеднаш, среде епидемија од коронавирус, Кичеец добива укинување на куќниот притвор.
Ова ослободување многу потсетува на начинот кој Заев го објаснува во една од аудио бомбите кои беа објавени на Интернет, каде екс-премиерот зборува за Јово Вангеловски.
„Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена“.
И како што опиша самиот Заев, Кичеец „трас, трас-готово“ доби укинување на мерката куќен притвор.
Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во „Рекет“ вклучувајќи го и Зоран Милески Кичеец.
Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран и Вице Заев се среќавале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Тоа го потврди и лично Заев кој призна дека знаел, а не пријавил за сомнителното финансирање на 1ТВ и рекетот вршен преку медиумот, ова пред само неколку месеци го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во предметот „Рекет“. Што разговарале и дали затоа се развлекуваше апсењето на Јанева до крајот на летото!?
Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет. Дополнително од снимките слушнавме дека Заев лично се ангажира околу рекламирање и помагање на рекет телевизијата на Боки 13. Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Обвинителството и судството се во директна спрега со Заеви и затоа снимките од средбите на Вице Заев со осудениот Кичеец се без аудио запис. Токму затоа и ЈО не го повикува Заев. Случајот се канализира и се одвлекува вниманието од Зоран и Вице Заеви, се наведува во партиското соопштение.
Од партијата додадоа и дека ваквата спрега не смее да го држи во грч правосудниот систем во Македонија. По 12-ти април ќе следува одговорност како за криминалите, така и за нивните прикривачи во институциите.
Случај Рекет 2: „Заев потврди дека Ден Дончев и Венко Филипче имале средби со Зоран Милески Кичеец“
Инаку портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во септември минатата година тврдеше и дека Заев потврдил дека Дончев и Филипче имале средба со Кичеец.
Зоран Заев денеска одговори за случајот „Рекет 2“, и за на повиците Ден Дончев и Венко Филипче да бидат изземени од позициите заради поднесена кривична пријава против нив за рекетирање, злоупотреба на државни институции и обиди за преземање на домашна компанија, велеше лани Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев со денешниот заеднички настап со Ден Дончев и Венко Филипче, потврди дека имале средби со Зоран Милески Кичеец, човекот со кој што се надополнува кривичната пријава за „Рекет 2“. Зоран Заев потврди дека знаел за „Рекет 2“ и дека е вистина наводот во Кривичната пријава за одвраќање на странскиот здравствен гигант да влезе во Македонија. Зоран Заев денеска откри дека речиси цела година однапред знае што ќе работи обвинителството и знае против кого и каков случај ќе отвора обвинителството. Зоран Заев ја потврди спрегата на октоподот, Зоран Заев ја потврди спрегата на извршната и јавнообвинителската власт, Зоран Заев потврди дека е запознаен со рекетирањето и случајот „Рекет 2“!, вели Стоилковски.
Тој додава дека октоподот на власт нема намера да има расчистување на високата корупција. Зоран Заев застана со Ден Дончев и Венко Филипче, што според сите критериуми е покажување на политичка заштита врз овие двајца среде отворен процес по поднесена кривична пријава!
Наспроти лагите за борба против високата корупција, Зоран Заев со денешниот настап со Ден Дончев и Венко Филипче упати невербална порака дека треба случајот да се забошоти. Оттука Заев невербално порача дека двајцата нема да бидат тргнати од позициите каде што може да влијаат врз докази и сведоци. Заев невербално порача дека е против расчистување на дилемите имало или не исплаќани месечни транши кај благајник со брада во струмичко. Едноставно, Заев со денешната прес конференција со Дончев и Филипче упати невербален притисок врз правниот систем во Република Македонија.Има кривична пријава против Дончев, Филипче и Кичеец, во која стои дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, сакаат да имаат удел во продажбата, можеби сакаат да ја преземат компанијата, се споменуваат месечни транши, рекет до благајник со брада во струмичко, и никому ништо? Според кривичната пријава, била злоупотребени нивните институции каде што управуваат и УФР и била најавена истрага скоро цела година пред истрага и да се случи, а сега и Зоран Заев го потврдува тоа, и никому ништо? Зоран Заев потврдува дека точно знае дека капиталот од трговијата е замрзнат, иако и по година дена од истрагата дека нема никаков докажан криминал, што е класичен пример за притисок врз домашниот бизнис и одличен пример за бизнис амбиентот во Република Македонија!, вели Стоилковски.
Тој истакна дека се додека државната мафија, октоподот е на власт, Македонија нема да исполни едно круцијално прашање за евроинтеграциите, а тоа е борба против криминалот и корупцијата. А, токму тие се одлика на оваа власт. Со заштита на корупцијата и вмреженоста со правосудниот систем не се носат храбри, напротив се носат криминални одлуки. Сиот овој период на владеење на октоподот го отсликува криминал и корупција! „Рекет 2“ е продолжение на обидите на октоподот на власт да ја убијат борбата против високата корупција, „Рекет 2“ е продолжение на срамната истрага за „Рекет 1“, за забошотувањето на истрагата за „Леонардо“ и за сите коруптивни скандали на октоподот. Ова е неподносливо и неиздржливо за капацитетот на Македонија, потребни се итни избори, избори за обнова на Македонија и конечно понесување на одговорност за севкупната девастација на Република Македонија.
Мицкоски со реакција по објавените аудио снимки: Јас на оваа епизода гледам многу спокојно и со огромна смиреност, а што правиме со трас-трас одлуките, “д гау” времето доаѓа!?
Благодарност што ми дадовте прилика да се докаже дека нема ниту “к” од криминал. А сега што правиме со трас-трас одлуките, “д гау” времето доаѓа!?, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешните објавени аудио снимки.
Во продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:
Иако не ги оправдувам, ги разбирам Зоран Заев и апологетите на власта, тие мораат да ја дефокусираат јавноста од вистинските теми. Наутро Чулев е виновен, попладне јас. Ама позадината е друга. Чулев им го разоткрива криминалот, а јас им ја зборувам вистината. И доколку денес не го објавеа ова, ќе се зборуваше за вистината, а таа е следна:
Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Зоран Заев каде јасно се гледа и има директни сведоштва дека е поплавен со криминал, корупција и рекет. Ова е и можност јавноста да види дека нема ништо инкриминирачки во тие објавени снимки. Убеден сум дека ако имаше барем една темна дамка во моето минато, денес ќе бев на друго место и немаше ова да го пишувам. Ова ми кажува само едно дека Заев е исплашен од пораз. А го чека страшен пораз.
И да не си ги толкуваме изјавите така како што на страните им одговараат.
Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум среќавал со многу слободни граѓани. Но, од тогаш до самото интервју кое се објавува на ,, А1 он” кое е во октомври 2019та година, кажувам дека сум немал средба што е и вистината.
Ќе ве потсетам на прес конференцијата во август одговорив – цитирам „Сум се гледал со сите слободни граѓани, но суштината е дека власта сака да покаже дека тој Зоки му дал пари на Мицко. Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор Шутка“ Па јас и денес стојам на овој став.
Ова е период кога Македонија е претворена во мочуриште на криминалци. Ама тоа е нивната приказна. Ќе дојде време многу бргу, барата ќе се избистри и сите оние кои што се во блатото сега ќе нема кај да се кријат. Тогаш ќе биде време за одговорност.
Јас на оваа епизода гледам многу спокојно и со огромна смиреност, но и радост затоа што им се ближи крајот, и да знае и Заев и неговите инструменти и емисири кои ги праќа со надеж дека може нешто да се спогоди по изборите за да не одговара, сигурно се две работи, прво заедно со народот ќе ги победиме сите на куп и второ, од одговорност нема бегање.
П.С. Благодарност што ми дадовте прилика да се докаже дека нема ниту “к” од криминал. А сега што правиме со трас-трас одлуките, “д гау” времето доаѓа!?, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешните објавени аудио снимки.
Иако не ги оправдувам, ги разбирам Зоран Заев и апологетите на власта, тие мораат да ја дефокусираат јавноста од…
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, May 8, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.