Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во интервју за Саше Политико вели дека и досега отварал локали, хотели, пицерии и отсега ќе отвора. За него пицеријата на Нефи Усеини не е дивоградба, бидејќи не била сопрена во градба.

Каде се бе локалните власти? Каде се државните власти? Штом не го запираш, тој е легален објект, вели Мерко.

Градоначалникот на Струга смета дека редно е граѓаните да се ослободат од предрасуди, а хајката против Усеини е на етничка база.

Не дека е Струга мултиетнички град дека има Албанци, дека има Турци, тука има и Македонци и не треба така да се постапува. И сево ова се прави и врз етничка база и се удира врз етничка база, порача Мерко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.