Најавувајќи ја новата политичка стратегија „Македонија за сите луѓе“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната прослава на 31-годишнината од основањето на партијата, најави и ниовно визуелно ребрендирање во 8 бои.
Партиските бои се црвена и црна, а државните бои црвена и жолта. Овие три бои се симбол на нашиот патриотизам и тие не обединуваат. Но, помеѓу постојат повеќе нијанси кои опфаќаат повеќе категории на луѓе. Затоа трите бои на патриотизмот прераснуваат во осум кои исто така се патриотски, се со цел да претставиме дека помеѓу нас некогаш може да има разлики, но кога Македонија е во прашање, сите сме едно и сите сме на браникот, рече Мицкоски.
Како што рече Мицкоски, секоја боја има посебно значење:
– За оние кои ја носат црвената во срцата, на кои крвта им е врела, кои сакаат добробит за македонските градови и села.
– За оние на кои црната им е важна, кои жалат по Гоцевите идеали и сонуваат да ги поправат последиците од катастрофалните национални порази што ги донесе Заев. И за сите оние кои пропатеа од црнилата на оваа власт…
– Жолтата за оние кои веруваат во вистинска демократија, кои се борат за човекови права, кои имаат енергија и виталност, предизвикува среќа и радост, но и веруваат во тој долго ветуван европски сон.
– Белата за оние кои веруваат во слободата и кои се борат за иднина, како нов почеток, нова победа, нов успех.
– Сивата е за обесхрабрените, оние кои овој хибриден режим ги осиромаши и понижи, кои ги избркаа од работа, а децата им ги избркаа од државата.
– Аловата, светло црвена, е за младите кои се наша иднина и иднина на нашата Македонија
– Бордото е за оние кои ја бараат правда, правда за себе и правда за Македонија
– Портокаловата за оние кои сакаат да работат, кои знаат да работат, кои знаат со свој труд да остваруваат успеси. Таа е за претприемачите, за бизнисмените, за носителите на економскиот живот.
Покрај тоа, партиски симбол стана и знакот за „штиклираното одобрување“, што, како што објасни партискиот лидер, значи потврда за решеност и преданост кон идејата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.