Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров во својата книга „Македонија е се што имаме“ од 2001 година говореше како Љубомир Фрчковски преку грчки посредници се обидел да го корумпира со милион долари ако се откаже од уставното име.
Глироров напиша дека ги ислушал но оти ги одбил.
„Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извондредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија….
Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни „колеги“ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари-пишуваше Глигоров.
Потоа претсдателот ги прашал како си замислуваат шеф на држава да прими милион долари и да се откаже од името Македонија.
Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: „Добро, бре, луѓе, како си замислувате – шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа, ако тоа воопшто некој си го замислил, тогаш јас не сум за ова место-напиша Глигоров во својата книга.
Неколку месеци овие тврдења Глигоров овие тврдења ги кажа и на суд. Таму Глигоров детално ги опишал средбите со Фрчковски и како тој се обидувал да го подмити со скапоцена амфор, луксузен часовник па дури со куферче со пари кои биле подарок од грчки разузнувач за да го “омекнат“ да се откаже од името „Македонија“.
Го отвара куферчето, полно до горе долари. Тука има сто илјади долари. Овој кога си заминуваше, ми рече, -јас морам да му се отплатам на претседателот што толку време бев тука, и, ми го даде ова куферче да ви го донесам. Тоа е негов подарок. Јас го гледам, а, бе, велам, Фрчко, зар не разбра ти онаа амфора кога ти ја вратив и часовникот, дека за таква работа, мене не ме бива. Добро, сега, човекот ги даде парите, сега што да правиме-ја опиша Глигоров непријатната случка со Фрчовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.