ВМРО-ДПМНЕ размислува за  интерпелација за Венко Филипче, најави денеска портпаролот Димче Аровски. Тој објасни дека се разгледуваат сите правни можности кои што може да се изведат се со цел за да може да тргне работата на функционерите напред.

Но, што уште повеќе треба да се случи наспроти  243 неколку заразени во само еден ден, наспроти секојдневно по неколкумина починати за да Венко Филипче конечно си даде оставка, што повеќе треба да се случи? Гледаме дека за само неколку дена бројката на новозаразени се брои во стотици, ќе достигне и илјадници. Бројот на починати се брои во десетици за само неколку дена. За само неколку дена сестри, персонал од Клиниката за инфектологија бидејќи не можат да издржат повеќе се ова што се случува и некадарноста на власта,министерството и Венко Филипче  си дадоа откази, што повеќе треба да се случи за овој човек самиот да си понесе одговорност и да даде оставка. Но како што реков се разгледуваат сите правни модули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.