По информацијата дека власта утрово имала обид да сокрие случај на поткупување на гласачи, кој полициските службеници го констатирале на територија на општина Струмица, „Нетпрес“ објави фотографии на кои јасно се гледа акцијата за поткуп, која се одвивала додека траел полицискиот час.

(фото: Нетпрес)
(фото: Нетпрес)

Претходно „Нетпрес“ објави дека според нивните неофицијални информации и Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, лично бил во полициска станица да влијае на полицајците да ги ослободат поткупувачите.

Претходно беше објавено и дека полицијата упадна во магацини во кои волонтери од невладината организација„Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини.

„Република“ уште утрово испрати прашања до Министерството за внатрешни работи за инцидентите во СВР Струмица утрово, но досега нема одговор ни официјално соопштение што се случувало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.