Што треба да се случи? Да убијат некого во затвор за да кажеме дека има политички прогон?, прашува Владимир Нелоски, членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ говорејќи за беззаконието во државата во дебатната емисија ,,И што сега’’ на МРТ.

Во емисијата тој му порача на својот соговорник пратеникот на СДСМ, Костадин Ацевски дека не само опозицијата туку и владеачката ДУИ нема доверба во судството, притоа напоменувајќи ја изјавата на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими кој го обвини СДСМ за закани упатени кон судиите.

Вие ме прашувате зошто се сомневам? Вчера на една од телевизиите, вашиот коалициски партнер, координаторот на ДУИ, вели: Да, јас се појавувам на суд и ќе се појавувам редовно се дури не се расчисти овој случај. Но вие, алудирајќи на СДСМ, одите со црни возила и им се заканувате на судиите, за жал. Дали со ова сакате да кажете дека вашиот коалициски партнер и вооедно координатор на пратеничката група лаже? Очигледно е дека недоверба во судството нема само ВМРО ДПМНЕ, туку и коалицискиот партнер кој седи со вас. Значи, сите лажат. Лаже ВМРО ДПМНЕ, лаже координаторот на ДУИ, само Зоран Заев не лаже. Тепањето на неистомисленици по затворите не е политичко прогонување? Што треба да се случи? Да убијат некого во затвор за да кажеме дека има политички прогон? До каде е спремен СДСМ да оди се со цел народот да престане да зборува за реалните проблеми? За здравството, за тоа што не ни се безбедни улиците, субвенциите не се исплатени? До каде се спремни да одат само да не се зборува за тоа? Вие ќе зборувате за судство? Па вашиот коалициски партнер го кажува тоа! За кое судството? За она за кое Зоран Заев им се јавува и нарачува пресуди? Каде што нема пресумпција на невиност?, праша вечерва на МТВ Нелоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.