Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ги коментира изборните резултати во Бугарија.

Избори во Бугарија, политичката нестабилност продолжува. На вчерашните избори има неколку добитници и неколку губитници, пишува Димовски.

Според него добитници се:
1. ГЕРБ – покрај целата антикампања и притисокот од дома и странство партијата на Бојко Борисов успеа да победи, макар и номинално…
2. Демократична Бугарија – единствената партија која успеа сериозно да го зголеми бројот на свои пратеници…
3. ДПС – турската партијата која, иако позиционирана како најкорумпирана, си го зачува своето влијание на бугарската политичка сцена…
4. БСП – бугарските социјалисти кои иако имаат блага надолна линија сепак повторно се партија без која не може да се формира Влада…

Губитници се, смета Димовски:
1. ИТН – партијата на Слави Трифонов не успеа ниту сега да победи. Ова е врвот на тоа политичко движење (и ако не успее да формира Влада, а изгледа нема) ќе почне солиден надолен тренд…
2. ВМРО-БНД – партијата на Красимир Каракачанов која иако направи коалиција, ги изгуби дури и оние гласови кои ги имаше пред два месеци…
3. Мутри в`н – антикорупциска партија која го изгуби залетот што го имаше на изборите во април…

Што ќе случи:
Ништо!
До претседателските избори во октомври се ќе биде исто како и последните месеци. Ќе гледаме само времени решенија…
Што може Македонија да очекува:
1. Нема промена на политиките на соседна Бугарија спрема нас…
2. До претседателските избори во Бугарија нема да има концентрирана политичка моќ и волја за отстапки и компромис со нас…
3. Ќе продолжат сериозни обвинувања за корупција и криминал, кој во некоја следна фаза може да опфатат и политичари од Македонија…
Што Македонија треба да направи…
1. Да прогласи дека никој, вклучително и Бугарија, нема право да се меша во работите на нашиот идентитет и на градење на нашата свест за историскиот, просторниот и временскиот континиум на засебноста на македонскиот народ на балканските простори…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.