Што ти се вика кога гориш од желба во матно, среде епидемија, да направиш брзи избори и да останеш на власт, кога знаеш дека никој не те сака, коментира актерот Сашо Тасевски за власта, откако денес со нови 58 заразени, СДСМ сè уште инсистира на брзи избори.

Да не се залетавте малку во ѕид со расипани кочници и 300 на саат?
Што ти се вика кога гориш од желба во матно, среде епидемија, да направиш брзи избори и да останеш на власт, кога знаеш дека никој не те сака.
Сега ШУ ПРАЈМЕ, со 58 новозаразени денес?
Дури и таа бројка ја фризирате. Повеќе се.
Комисијата за заразни под итно седнала да заседава. За што бе?
За да си поплачете што ве седнаа блескачите од СДСМ во скут и ве убедија да потпишете дека заразата си оди од кутрава држава, за да одат на избори во јуни?
За тоа заседавате?
Или пак ќе затворате се што отворивте вчера?
А за овие блескачиве, што да се каже. Цело владеење им е пу пу не важи. Она што ќе кажат денес, веќе другиот ден се пишманат или се демантирани од новите настани. Не сте власт, туку вејки на ветрот. Како дувне, така се виткате.
Тоа е типично кога владееш со лаги и лажни вести. Така Забрчанец?, пишува Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.