УСБ-стикот што пред околу еден месец го споменуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во порака упатена до премеирот во заминување Зоран Заев, според информациите со кои располага Инфомакс е УСБ на кое постои снимена комуникација во која се спомнува и името на Зоран Заев.
И таа комуникација длабоко го инкриминира премиерот, но и некои високи полициски функционери од претходната власт, пишува порталот.
Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска не ги потврди шпекулациите во јавноста дека спорното УСБ заведено под број НСКРО 74/17 се наоѓа во Обвинителството на Рускоска и дека било пронајдено при претрес кај еден од осомничените во случајот „Рекет. Сепак, Мицкоски потврди дека истите шпекулации стигнале и до него.
И јас сум го слушнал дека постои некое УСБ-стикче кое во Обвинителството е заведено под број НСКРО 74/17 и дека на тоа стикче има доста работи со кои можеби треба да се позанимава македонската јавност. Во шпекулациите се оди дотаму дека стикот бил пронајден при претрес кај еден од осомничените во случајот „Рекет“. Но сето ова е на ниво на шпекулации и јас немам потврдени информации. Ако ова навистина е точно, тогаш е уште еден пораз за македонското обвинителство и за македонското судство и доказ дека се реформирани од, како што велеше порано Зоран Заев, Сваровски во Луј Витон правосудство, одговори Мицкоски.
Извор: Инфомакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.