Телевизијата Канал 5 дојде до обвинението за ,,Рекет”. Тие објавија дека Боки 13 трошел милиони за луксузна гардероба од Луј Витон, Версаче, Гучи, Шанел и Прада но и уметнички слики од Лазар Личеноски, Мерсад Бербер…

Ова е само дел од наведеното во обвинението за случајот Рекет до кое дојде Канал 5, а според кое обвинетиот Боки 13 ги потрошил парите. Напишано на три страни, во него обвинителството наведува како Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец ги договарале средбите со Орце Камчев, како екс шефицата на СЈО Катица Јанева го прифатила влијанието од Јовановски и ги земале парите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.