СДСМ во 2008 година поднесе 2.300 амандмани на Деловникот и рече „ако сакате ефикасен парламент треба да ја почитувате демократијата, да ја почитувате опозицијата и сами да си обезбедите кворум, потсети пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Додаде и дека на тие амандмани потпишани беа тогашните пратеници Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Владо Бучковски и други „славни демократски другари на аболицираниот Заев“.

Денес Заев пред да критикува зошто опозицијата поднела амандмани на Деловникот во Собранието треба, прво да си поразговара со Шеќеринска, Оливер и Бучковски за да му објаснат што е ефикасно Собрание и опозиција; и второ, да го потсетат на на народната поговорка „што си дробел, тоа ќе сркаш”!, му порача Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.