Што сфативме од епидемијава.
1. Нема држава.
2. Нема здравство.
3. Нема фармацевтски компании и експерти кои би произвеле вакцина.
4. Нема одговорност од никого за дебаклот.
5. Нема способност за справување со големи кризи.
Вака актерот Сашо Тасевски, некогаш голем поддржувач на власта и директор на Драмски театар, поставен од владата на СДСМ ја коментира актуелната ситуација во државата.
Го проучив Планот за вакцинација на владата. И морам да признаам е генијален. Кога е нешто генијално мора да се признае. Само уште вакцини да најдат и таман – коментира тој
Да не беше трагично, ќе беше смешно… Вакцини нема, план за вакцинација има… ама не можат да се нарачаат вакцини зашто не се знае колку луѓе ќе се вакцинираат. Ако останат вакцини што ќе прави владата со нив…
Иначе да ви се пофалам. Од вчера сум во врска со Бјонсе…. Само што она уште не знае.
Така и Филипче. Имаме план за вакцинација, ама вакцини нема – коментира Тасевски.
Иначе да ви се пофалам. Од вчера сум во врска со Бјонсе…. Само што она уште не знае.
Така и Филипче. Имаме план за вакцинација, ама вакцини нема.Posted by Sasho Tasevski on Sunday, 7 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.