Зошто СДСМ толку жестоко го напаѓа Сафет Бишевац, како кандидат за пратеник на овие избори, пишува Магазин.мк Одговорот е едноставен и има неколку незгодни причини зошто Бишевац стана трн во окото на СДСМ. Прво, прифаќањето на Сафет Бишевац да застане зад политиките на Мицкоски, а не зад Заев, ја руши главната теза на СДСМ, онаа за сеприсутноста на “Груевизмот“ во ВМРО-ДПМНЕ. Сафет Бишевац може да биде се, но не и груевист. Тој, заедно со многумина граѓански активисти, одамна ги критикуваше погрешните политики на Груевски, уште кога итриот Панчо Минов на Никола Груевски му викаше “да шефе, така е шефе, во право си шефе“! Затоа, со ангажманот на Сафет Бишевац паѓа во вода замислата на Заев и Шеќеринска на овие избори да се шлепаат на црната капања против “груевизмот“, наместо да зборат за своите неуспеси и неисполнети ветувања пред граѓаните.
Целиот текст на следниов линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.