Тоа што примија други пред мене и ме оставија да чекам 30 минути не ни замерувам. Тоа што господинот ми се обрати на шалтер со “Еј!” како да сме на пазар, ќе го заборавиме. Тоа што годподинот Алиу се претстави како главно одговорно лице во амбасадата иако на документот што ми го издаде стои друго име не ми е важно. Тоа што не добив шанса да разговарам со одговорното лице бидејќи е на состанок го разбирам. Тоа што на поштенското сандаче има печатна грешка и што знамето што се вее е искинато и обледено ќе го преболам.
Вака го започнува своето сведоштво доктор Горан Трајковски, Македонец кој живее и работи во Минхен.
Истото го пренесуваме во продолжение:
Тоа што ми го ускрати правото на анонимност и читаше на глас пред останатите не ми е важно (иако го замолив да почекаат пред врата, одговорот беше – не одлучувам јас кој каде чека) … Не е важно.
Но! имам маил од амбасадата во кој добив термин за сликање денес во 11 часот. Ќе биде објавен јавно.
Земав слободен ден, организирав замена на работа, патував до овде.
Поради нечија неписменост јас не сакам да плаќам. Барам од амбасадата во Минхен да превземе одговорност и да ми ги надокнади трошоците од изгубениот ден на работа, бензин и психички стрес. А, да. И навреда. Господинот Алиу откако ја напуштив просторијата на следните кои имаа термин рекол “трае подолго бидејќи си има работа со разгалени” тие ме следат на инстаграм па ми кажаа. Не драги мои, не сум разгален, само барам доза професионалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.