Компанијата Фајзер се уште е само во фаза на разговори со македонската Влада. Од таму за ТВ 24 накусо само велат дека се уште нема финален договор помеѓу Македонија и компанијата.

Разговараме со Владата во врска со пристапот до вакцината Фајзер/Бионтек, но во моментов немаме финализиран договор, велат од Фармацевтска компанија „Фајзер“, но не откриваат што е потребно за да се финализира договорот, за колку вакцини се преговара и кои услови треба да ги исполни Македонија за да ги добие вакцините.

Сепак, во изминатите 4 месеци се изнаслушавме секакви лаги, ветувања и прогнози за пристигнувањето на вакцинире во Македонија. Изби и афера за набавката на кинеските вакцини, во која Филипче се обидува да склучи договор преку фантом-фирма од Хонг Конг. А вакцини се еште нема.

Хронологија на една голема лага

После речиси четири месеци разни најави за договор за вакцини од Фајзер, македонската јавност вчера беше информирана дека договор помеѓу Македонија и компанијата се уште не е постигна. Тоа беше потврдено од самата компанија Фајзер за македонските медиуми.

Тоа значи дека владата, а особено премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, речиси 4 месеци, односно од декември до сега свесно и континуирано ги лажат граѓаните дека е постигнат договор и дека наскоро пристигнат.

Велеа ќе пристигнат во февруари, но министерот имал претчувство дека можеби и во јануари, потоа најавија за март, за на крај да дознаеме дека нема никаков договор, анализира Курир.

Лагите започнаа на 30 декември минатата година која министерот Филипче помпезно најави дека е постигнат договор со Фајзер на која рече дека во февруари пристигнуваат првите дози.

– Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април, рече Филипче.

Два дена потоа на 1 јануари, запрашан колку вакцини ќе пристигнат од Фајзер, Филипче рече дека не сака да открие затоа што од компанијата тоа го побарале од него. Но, затоа 3 дена потоа, на 4 февруари, откако наводно му дозволиле да открие, се пофали со бројката од 800.000, која стана стандардна бројка и за другите вакцини кои не ги видовме до сега.

-Одлична вест на почетокот на годината. Првата доза од 5850 вакцини против Ковид 19 од производителот Фајзер стигнува во февруари, а во директни преговори обезбедивме 800.000 дози за цела 2021. Пратка со поголема количина вакцини ќе дојде во март и април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе ја утврдиме, соопшти Филипче на 4 февруари.

Истото го повтори и друго интервју дадено за Сител, на 16 јануари Филипче не само што рече дека добро одат преговорите со Фајзер туку и дека се резервирани дозите каде покрај бројката од 5.850 дози за февруари ги најави и по 17.500 во месец март и април.

Шест дена потоа, премиерот Заев за „Трилинг“ изјави дека во февруари се очекуваат вакцините кои се договорени директно со компанијата „Фајзер“, а самата влада на 27 јануари преку соопштение од 42 седница извести дека директните преговори со Фајзер се во завршна фаза, потенцирајќи ја бројката од 800.000 дози.

На почетокот на февруари, во месецот кога наводно ќе дојде првите дози, од министерството за здравство соопштија дека се завршени сите процедурални постапки во однос на договорот и сега чека Фајзер да допрецизира сегменти од договорот.

Следната лага за вакцините од Фајзер следеше на 8 февруари.

– Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на „Фајзер“, а понатаму и од другите вакцини, рече премиерот Зоран Заев за медиумите.

Сепак, три дена потоа почнаа да се менуваат лагите. Од постигнат договор власта, тој стана драфт договор. Филипче тогаш, на 11 февруари изјави дека драфтот на договорот треба да пристигне на почетокот на следната недела, понеделник или вторник. Понеделник и вторник беа 15 и 16 февруари.

Но бидејќи ништо немаше тие два дена, па на 21 февруари само кратко соопштија дека се уште чекаат, но бидејќи изминуваше месецот, а вакцините беа ветени за истиот на 26 февруари повторно ново известување дека се финализираат прашањата.

Заврши февруари и дојде март, па соопштија де пристигнал договорот, а Заев изјави дека до крајот на март ќе пристигнат 21.000 дози од Фајзер, но на 11 март претседателот Стево Пендаровски за медиумите откри дека од Фајзер уште на крајот на декември ги одбиле македонските власти, затоа што не преговараат со толку мал пазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.