Група пратеници бараат свикување на Парламентот за наводно да ја потврди одлуката на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба – иако потврдување или не на владините уредби со законска сила може да направи и идниот парламентарен состав, пишува „Курир“.

Опозицијата пак стравува дека целта е Собранието да ги потврди владините уредби кои не се однесуваат на пандемијата, а се донесоа во овој период.

Има ли страв кај владеачката партија дека некои уредби со сила на закон ќе бидат прогласени за незаконски од идниот парламент во кој би биле опозиција?

Или сепак најголемата причина за инцијативата на СДСМ за свикување на парламентот е можноста ако имаат „поволем ветер“ да направат брзи „корона избори“ во јули?

Прогнозите велат дека колку подоцна се изборите, толку ќе е полошо за нив, бидејќи ќе се почувствуваат негативните ефекти од лошите економски мерки, а на површина може да излезат и други работи поврзани со начинот на менаџирање на корона-кризата.

За потсетување, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевси, избран од редовите на СДСМ, вчера во интервју соопшти дека лица одговорни за заедничкото здравје страшно лажеле во периодов, дека се играат големи дворски игри во СДСМ во овие тешки времиња и дека има луѓе кои се спремни на се само за да си остварат некоја лична цел.

Тука ли лежи „зајакот“ во обидите на СДСМ да го соберат повторно парламентот?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски во изјава за КУРИР вели дека иницијативата на СДСМ повторно да се свика распуштеното Собрание на Македонија е неуставна и неделовничка.

-Во однос на иницијативата сметам дека е неуставна и неделовничка затоа што согласно претходната одлука за распуштање на Собранието истото не може повторно да продолжи со работа се додека оваа одлука е полноважна, вели Вељаноски.

Тој додава дека во однос на на одржување на изборите за кои е јасно дека форсира СДСМ потребно е да се создадат услови во кои граѓаните слободно ќе одлучат за кого ќе гласаат и треба да се овозможи што поголем број на граѓани да гласаат без никакви мерки и други ограничувања кои во моментов постојат во нашата земја.

Инаку во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ професорката Силјановска Давкова праша зошто пратениците од Собранието кои се самораспуштени заради одржување на предвремени избори не реагирале на одуката на претседателот Пендаровски за донесување на вонредна состојба која тој сам ја донесе дококу се сметале за легитимни.

Ние не чувме од овие пратеници претходно зошто претседателот да донесе одлука за прогласување на вонредна состојба кога еве ние сме легални и легитимни, кажа Силјановска – Давкова.

Таа истакна дека е точно дека во деловникот има одредба според која претседателот може да свика седница или пак седница може да побараат на Парламентот 20 пратеници.

Но седница на Парламент кој што е во заседание, а не на Парламент кој што се самораспуштил, поенцираше професорката.

Дополнително, Силјановска Давкова кажа дека ако пратениците функционираат не може претседателот да носи одука бидејќи одлуката за прогласување на вонредна состојба е всушност одлука што ја носи Собранието.

Е сега не ми е јасно, мене не ми е јасен ни претседателот Ако тој сметал дека пратениците се легални и легитимни па како тогаш посегна самиот по донесување на одлука за вонредна состојба. Утре може некој импичмент да покрене за ова, кажа Силјановска Давкова.

На крај таа посочи дека исто така уредени со законска сила не може да носи Владата ако Парламентот може да заседава и таа материја да си ја регулира со законик.

Универзитетската професорка Тања Каракамишева во врска со ова вели дека на власта и гори под нозе и бара начин да излезе од неуставната вонредна состојба

Во целиов изминат период гледаме правни акробатики, различни толкувања на Уставот, на правото, бидејќи очигледно на власта и гори под нозе и мора да најде некаков начин да излезе од целава оваа неуставна и незаконска состојба во која што се најде благодарение на распишаната, еве по втор пат вонредна состојба која што тврдам дека е неуставна, изјави професорката Тања Каракамишева во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Таа потенцира дека Уставот е јасен и вели дека одлука за вонредна состојба може да трае најмногу 30 дена, што значи дека Уставот не остава простор за прогласување на нова вонредна состојба, а уште помалку за продолжување на вонредната состојба.

Во врска со уредбите на власта, таа вели дека не може во вонредна состојба да утврдувате нови кривични дела затоа што тоа е забрането со Уставот, бидејќи кај ограничувањата на човековите права вели дека не може правно на нов начин да се нормираат нови кривични дела, на тој начин има правна несигурност и би се кршел Уставот

„Она што посебно загрижува е фактот што политичарите наместо да се водат со уставните норми, повторно ги спроведуваат нивни интереси, ги тераат работите на политички терен како нив им одговора. Гледам дека Џафери беше цврст на ставот дека нема да прифати повторно да го свика Собранието, бидејќи самиот рече дека е поранешен, а денеска гледаме дека остава простор на ретерирање дека ќе ја почека иницијативата за да види како ќе постапи, а го видовме и како одеше на Совет за безбедност како претседател на Собрание, а е поранешен. “ , истакна Каракамишева.

Таа додава дека Уставот е највисокиот правен акт каде што е утврдено дека штом еднаш се распушта Собранието тоа не може повторно да се врати, затоа што самораспуштено Собрание значи поранешно Собрание.

Во однос на прашањето дали може повторно да се свика распуштено Собрание, веќе четворица еминентни професори по Уставно право се изјаснија, професорката Гордана Сиљановска Давкова која што неодамна рече дека во актуелниот случај станува збор за самораспуштено Собрание што правно, според уставните одредби значи дека тоа не постоои. Ниту правно ниту логично не може да се продолжи нешто што не псотои ниту со закон не може да се утврдува нешто што е уставна категорија, а пратеничкиот мандат е уставна категорија. Во оваа насока е и професорот Шкариќ кој рече дека нема уставна основа за повторно оживување, по одлуката за негово самораспуштање. Самиот збор самораспуштање значи и негово престанување со работа, истакна Каракамишева.

Таа вели дека на оваа линија е професорот Саво Климовски, а на оваа линија е и самата таа како професорка и не затоа што тие така сакаат, туку затоа што Уставот е највисокиот правен акт каде што е утврдено дека штом еднаш се распушта Собранието тоа не може повторно да се врати, затоа што самораспуштено Собрание значи поранешно Собрание.

Сите пратеници вклучително и Талат Џафери се поранешни. Ако 20 поранешни пратеника потпишат иницијатива за повторно свикување на Собранието, како ќе ја прескокнат одлуката за самораспуштање која што ја донесоа на 16 февруари со 108 гласа со ниту еден против, бидејќи таа одлука е објавена во Службен весник и има правно дејство и ниту еден орган ниту ја поништи ниту ја укина.“ потенцираше Каракамишева.

Таа нагласи дека оваа ситуација не смее да се споредува со 2016 година затоа што тогаш Уставниот суд ја поништи одлуката за распутшање, и таа имаше одложено дејство на примена, а сега се е чисто, пратениците донесоа одлука да се распушти дека само иницијативно рекле дека го предаваат мандатот и легитимтиет го враќаат на граѓаните.

Значи ли дека брзањето на Заев за одржување на парламентарните избори и во време на пандемија е подготвен и да го ризикува своето здравје за фотелја?

Значи ли ова дека Заев губи контрола врз своите пратеници?

И дали на Заев му се брза да го свика собранието за да може да ги потврди уредбите за кои сега знае дека се незаконски?, останува да видиме во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.