Oсвен екстремно загадениот воздух кои Скопјани го дишат, дополнитен извор на труење се печките во Цементара, пишува „Курир.
Порталот тврди дека во печките во Цементара завршуваат цели бали со фарбан текстил плус нафтен кокс со 18% сулфур и оти тоа се случува секоја ноќ. Граѓаните кои живеат во тој дел од градот знаат каква миризба се шири низ нивната населба.

„Курир“ тврди дека Скопје не го гори својот отпад, туку станува збор за огромни количини донесени од голем број на земји. Според информациите кои веќе беа пласирани, Италија и неколку други држави од ЕУ плаќаат за да се ослободат од овој отпад.

Овие држави даваат големи суми за да ги заштитат своите граѓани и нивното здравје. Нашата држава зема големи суми воопшто не водејќи грижа што тоа кое го прави ги убива македонските граѓани.

Од Усје пак велат дека тие не се загадувачи
„Цементарница УСЈЕ АД Скопје не загадува и работи согласно најсовремените стандарди за заштита на животната средина“-велат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.