вмро-дпмне прашува

Што превезувале возилата и кои се луѓето за кои Заев лично ургирал да бидат пропуштени?

Македонија 15.03.2021 / 20:01

МВР цел ден молчи за петте патнички возила што поминале ноќеска на граничниот премин Деве Баир, во време на полициски час, кога преминот на граница е забранет за возила, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според службената белешка што ја објавија медиумите јасно се гледа дека во еден часот по полноќ поминале пет патнички возила и тоа по насока лично на Зоран Заев. Тука има неколку дилеми и одговори кои треба да ги даде Зоран Заев и Владата. Со кое право и ингиренции Заев лично се јавува да се пропуштат патнички возила на граница во време на полициски час? Кај кого интервенирал Заев и кој е тој службеник што ги прескокнал работните протоколи и го послушал премиерот кој не смее да издава вакви наредба, како што и не смее вработениот на граница да прима вакви наредби од премиер, посочува Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ прашува: „Што превезувале тие пет патнички возила и кои се луѓето за кои Зоран Заев лично ургирал да бидат пропуштени ноќеска? Дали ова е уште еден потенцијален шверц, кој се обидува да го одмолчи и сокрие МВР?

-Заташкувањето на ваков случај е само потврда дека власта се обидува да сокрие нешто, а лично за тоа е одговорен Зоран Заев. Кршењето на законите не е ништо ново ниту за Заев, ниту пак за власта, вели портаролот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.