Се прашувате каде е министерот за здравство Венко Филипче кога Македонија ги урива светските рекорди по смртност од ковид 19 во светот?
Се прашувате што прави министерот за здравство откако ќе отвори 7000 гробови?
Во светот – поднесува оставка.
Во Македонија – обединува. Првиот ред на митинзите и блиското пријателство со другарот моторџија му даваат право да си мисли дека е политичар од висок ред и дека тера висока политика.
СДСМ и коалицијата се обединуваат за да продолжи напредокот на општините, за да продолжи интеграцијата на државата. Како одговорна и државотворна партија, ве повикуваме на обединување околу концептот кој води напред. Време е да се обединиме! Време е за победа!, пишува на фотографијата објавена од СДСМ од вчерашниот митинг во Битола за поддршка на нивниот кандидат за градоначалник на градот. Или како што обвинува опозицијата, човек на Вице Заев, кој треба да ја претвори Битола во Стентонград.
Оваа фотографија е доказ за каква одговорност зборуваат. Партијата на која додека е на власт ѝ умреа 7000 луѓе е одговорна само за геноцид. И за ништо друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.