Доаѓа 21-ви април, знам сите сме загрижени после она што се случуваше во рефендумот,а се уште нема покренат ниту решен случај, а знаеме дека рекордери не само по загаденоста, не само по најнискиот индекс на човечки капитал, туку и по брзината на гласањето. Се надевам дека присуството на набљудувачи ќе ја ублажи оваа опасност. Но јас ве молам и мислам дека не постои поголема брзина од масовното учество на изборите, што повеќе граѓани на изборите, тоа е посилна гаранција за фер и демократски избори, рече Силјановска Давкова на денешниот митинг во Центар.

Таа пред граѓаните од Општина Центар истакна дека ако победи на овие избори, ќе се види дали премиерот ќе го одржи зборот барем еднаш и ќе распише предвремени парламентарни избори.

И се знае однапред кој ќе победи на тие избори, Македонија. Правдата во Македонија ќе победи и ќе го турне ова црнило кое владее сега, заврши Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.