Претседателот на Владата на Зоран Заев по посетата на папата Франциско одржа прес-конференција на која одговараше на новинарски прашања.

На прашањето што по папата, Заев одговори дека ќе го следи примерот на своите пријатели Бојко Борисов и Алексис Ципрас, а негова цел е датумот за преговори со ЕУ.

Ако треба би се сретнал со претседателот Макрон десет пати, со премиерот Руте и канцеларката Меркел. Тоа го прават моите пријатели Алексис Ципрас и Бојко Борисов зашто пред нас стои голема одлука, да ги отвориме поглавјата за преговори. Тоа е втората наша голема цел. Првата цел е веќе остварена – членството во НАТО. Процесот на ратификација на Протоколот за пристапување е веќе во тек. Дванаесет земји веќе го потпишаа, почнувајќи од Грција. Одлуката треба да ја донесат Европската комисија, но и лидерите на земјите-членки на ЕУ зашто сите 28 членки треба за ова да одлучат ова лето. Како што реков, 14 години е премногу долго време во чекалната пред вратите на ЕУ. Денешната посета на Папата го потврдува тоа, но беше потврдено и со претседателските избори. Ќе продолжиме да бидеме добар пример за европските земји, рече Заев пред новинарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.